Управувач на осветлување

НЕМА НА ЗАЛИХА

 

 Управувачот на осветлување служи за управување на LED ленти во боја преку сметач(компјутер). Уредот на кој се приклучуваат лентите, со сметачот се поврзува со USB кабел. Управувачот ти нуди едноставна промена на бојата на LED лентите на различни начини, притоа нудејќи по точен приказ на боите. Во продолжение е списокот со можностите на овој управувач:

  • Избор на боја со поединечни лизгачи за Црвена, Зелена и Сина боја.
  • Избор на боја, заситеност на боја и светлина на боја со соодветните лизгачи.
  • Избор на боја преку 25 копчиња со предодредени бои.
  • 10 копчиња за снимање на претходно избрана боја од страна на корисникот.
  • Светење на LED лентата според звукот на пуштената песна, со можност LED лентата да ја менува бојата или само јачината на светлината на избраната боја и избор на најголемо дозволено ниво на светлина.
  • Светење на LED лентата според звукот од микрофонот(оваа можност ќе ја немаат корисниците на Windows Vista).
  • Нивомер кој ја покажува јачината на звукот.
  • Прелевање на бои со можност за избор на брзина и јачина на светлина.
  • Скокање од една во друга боја со можност за избор кои бои да бидат скокани, избор на брзината на скокање и јачина на светлина.
  • Трепкање на избрана боја со можност за избор на брзина и јачина на светлина.
  • Избор на боја од шарено тркало.
  • Прередување на распоредот на боите(многу полезна можност доколку наидеш на лента со различен распоред на боите).
  • Програмата ја памети последната избрана боја, избраните копчиња за скокање, снимените бои, поставките за светење по звук, поставките на шареното тркало, поставките за прередување на боите и независно избраните брзини за „Прелевај бои“, „Скокај бои“ и „Трепкај“.
  • Управувањето може да се врши со екран на допир.
  •  
    Програмата работи на:
  • Windows Vista, Windows 7, Windows 8, Windows 8.1, Windows 10(32bit и 64bit, за сите)

Технички податоци за уредот:

Должина: 5 метри. Може да биде изработен и со должина според твоите потреби.

Приклучоци:  USB-A приклучок,  5,5-2,1мм приклучница,  4 изводно 2,54мм  женско заглавје.

Работен напон: 5-12 волти еднонасочен струја

Излезна јачина: 3 по 2 ампери


Приклучување и управување

 


Преземања:

Упатство(пожелно е да го прочиташ)

Управувач на осветлување 1.2(Вградувачот на програмата)


Што е вклучено во нарачката?

Управувачот за осветлување(програмата)

Уредот за управување


Што не е вклучено и треба ти да го набавиш?

Напојување

LED ленти


 

Сподели: